Пекинг: Вршиме вежби на сопствена територија

Сподели со своите пријатели

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Тајван е дел од Кина и дека Кина спроведува воени вежби „на своја територија“ на отворен, транспарентен и професионален начин.

Loading...

Портпаролот на Министерството Ванг Венбин на прес-конференцијата изјави дека надлежните служби издале навремени соопштенија за тоа, во согласност со меѓународното право, пренесува Ројтерс.

Кинеската војска денеска, еден ден по завршувањето на големите воени вежби околу Тајван со употреба на боева муниција, објави дека започнува нови вежби на морето и небото околу тој остров.

Кинеската војска ги започна вежбите минатата недела, по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.