Пекинг го престигна Њујорк и стана градот со најмногу милијардери

Сподели со своите пријатели

За прв пат по седум години, Њујорк ја изгуби титулата светски главен град на милијардери. Кинеската метропола има најмногу милијардери.

Loading...

Во 2020 година, Пекинг го надминал „Големото јаболко“, бидејќи добил 33 нови милијардери.

Пекинг сега е на прво место и за влакно е пред Њујорк, бидејќи во него живеат точно 100 луѓе со богатство вредно милијарда долари или повеќе, додека во Њујорк има 99 такви.

 

 

Податоците доаѓаат од списокот „Форбс“, кој покажува дека една четвртина од 2.755 исклучително богати живеат во само 10 градови во светот.

Исто така, дури 10 проценти од светските милијардери се наоѓаат во четири кинески метрополи.

Loading...

Покрај Пекинг, меѓу 10-те главни градови на милијардерите се наоѓаат Шангај, Шенжен и Хангжу, а на списокот е и Хонг Конг, специјален административен регион на Кина, кој е на високо трето место со 80 милијардери.

 

 

Сепак, иако Њујорк е на второ место, вкупното богатство на неговите милијардери е 560,5 милијарди долари, што е повеќе од вредноста на богатите луѓе во Пекинг (484,3 милијарди долари).

Најбогатиот жител на кинеската престолнина, со нето богатство од 35,6 милијарди долари, е Џанг Џиминг, додека Мајкл Блумберг е најбогатиот жител на Њујорк, со богатство од 59 милијарди долари.

Leave a Reply