Пекинг денеска одржува вежби во Јужното Кинеско Море

Сподели со своите пријатели

Денеска Кина ќе одржи воени вежби во неколку делови на Јужното Кинеско Море, во близина на брегот на провинцијата Гуангдонг на југот на земјата, соопшти кинеската служба за поморска безбедност.

Loading...

Во соопштението се прецизира дека воените вежби ќе се одржат во пет зони на Јужна Кина од 12:00 до 18:00 часот по локално време.

Вежбите ќе се одржат во близина на градскиот округ Шанвеи во провинцијата Гуангдонг, пренесува РИА Новости.

Во соопштението се нагласува дека за време на вежбите ќе биде забранет премин на бродови во тие области.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.