Пејачката Јелена Томашевиќ гостин на Светосавската академија во Куманово

Сподели со своите пријатели

По повод Св. Сава национален празник на Србите во Македонија,  Регионалниот одбор на Српската заедница во Македонија организира Свечена Светосавска академија.

Loading...

Акадмијата ќе се организира на 26. јануари 2022 година во Занаетчискиот дом во Куманово со почеток од 19:00.

 

 

На свеченоста предвидено е гостување на високи гости од Србија и Македонија, Амбасадорката на Република Србија во Македонија, пратеници во Собранието , Градоначалникот на Општина Куманово како и други гости од културата и општествениот живот.

Во програмскиот дел предвидени се гостувања на звучни имиња од Република Србија како што е Академикот Славенко Терзић, познати актери од Српскиот народен тетар, пејачката Јелена Томашевиќ, уметничкиот оркестар на Министерството за одбрана на Република Србија и КУД „Српски вез“.

Интегрално соопштение

Loading...