Пазарната инспекиција привремено затвори два дуќана во Куманово

Сподели со своите пријатели
Како што информира Државниот пазарен инспекторат – Одделение Куманово, во периодот од 4 до 8 мај, на територијата на градот се извршени повеќе контроли на правни субјекти, при што се издадени два платни налога во износ  од  по  12.300,оо денари по Закон за  трговија.
Донесени се две решенија  за привремена забрана  за  вршење  на дејност  по Закон за  трговија  во траење  од по 30 дена. Одземена  е стока  по Закон за  трговија  и тоа од  познат сторител   1.700,оо денари  и од  непознат  сторител   32.500,оо денари.
Според Законот за трговија издадените две покани за наплата на глоба во износ од 500 евра за правно и 100 евра за одговорно лице во денарска противвредност односно 36.910 ден, се наплатени и донесен е заклучок за запирање на постапката.
Донесено е едно решение за забрана нерегистриран трговец и издадени се три решенија за наредба по Законот за градежни производи.
Издадени се еден платен налог во износ од 12.200 ден. по Законот за трговија и еден платен налог во износ од 2.1525 ден. по Законот за трговија.

Leave a Reply