Павловски: За три години станавме лидер во регионот во енергетскиот сектор (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Само пред три години енергетскиот сектор беше на маргините на економскиот развој, затворен систем на либерализиран и монополски, од што трпевме критики од европската енергетска заедница“, рече денеска на прес конференција Зоран Павловски, кандидат за пратеник во Изборна единица 2 од Коалицијата „Можеме“.

Loading...

Како што вели Павловски за само три години сликата е сосема променета. Во 2018 година е донесен закон за енергетика, главна реформа во енергетскиот сектор.

– Денес на пазарот на електрична енергија има околу 35 лиценцирани снабдувачи со електрична енергија и природен гас, како и права и обврски на сите учесници на пазарот. Во 2019 година на пазарот на енергија се активни 11 снабдувачи, вклучувајќи го снабдувачот кој обезбедува универзална услуга, снабдување со електрична енергија во краен случај, додека 21 трговец е акетивен на пазарот на големо со електрична енергија, изјави Павловски.

Според него, законот овозможува и реформа во потикнување на инвестициите во обновливи извори на енергија, а моментално се градат фотоволтаични централи на државно земјиште во Амзабегово – Свети Николе и Манастирец – Македонски Брод.

– Во Амзабегово ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи со вкупна моќност од 25mw/h на површина од 45ха на 10 парцели. Во Македонски Брод на површина од 20 хектари се градат фотоволтаични централи со инсталирана моќност од 10 mw/h. За реализација на овој проект инвеститорите платија позитивен надоместок во висина од 2,7 милиони евра во Буџетот на Република Северна Македонија. Исто така во овој момент на 23 локации се градат фотоволтаични централи на приватно земјиште со инсталирана моќност од 21 mw/h, рече Павловски.

Според кандидатот за пратеник Зоран Павловски, секое физичко лице може да инсталира и произведува електрична енергија без да е лиценциран и регистриран за производство на електрична енергија за своите потреби до 5 kw/h.

– Со цел стимулирање на користење на сончева енергија преку мерката за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колектори субвенционирани се 2.365 домаќинства – исплатени 22 милиони денари и заштеда на финална енергија од 981 mw/h годишно. Мерката за замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци ја користеа 3.853 домаќинства, во вредност од 105.700.000 денари со заштеда на финална енергија од 373 mw/h годишно. Мерката за субвенционирање печки на пелети ја искористија 2.028 домаќинства за што се исплатени 62 милиони денари, а остварена е заштеда на финална енергија од 2.234 mw/h годишно, појасни Паваловски.

 

Loading...

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/2897599893700848/

 

Од мерките донесени во енергетскиот сектор, Паваловски го истакна намалувањето на приклучок за електрично броило, евтина тарифа за електрична енергија секој ден од 14 до 16 часот и во недела цел ден.

Како еден од ините проекти во областа на енергетиката, Павловски најави рехабилитација на државните студентски домови.

– Проектот ги има во фокус 7 студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и Штип. Имено паралелно со енергетската ефикасност на рехабилитација на зградите, значаен дел од проектот ќе бидат и активностите за обезбедување на основни услови за престој, како што се реновирања на санитарни јазли, реновирање на електрична инсталација, мерки за безбедност, простории за заеднички престој итн, изјави Павловски.

Според него, рокот на завршување на овој проект, вреден 25 милиони евра, е до 2024 година.

Никола Ивановски

Leave a Reply