Патот Ранковце – Крива Паланка ќе се гради со пари од Светската банка

Loading...
Сподели со своите пријатели

Диркеторите на Светската банка одобрија заем од 83 милиони евра. Пари наменети за Проектот за надградба и развој на патиштата низ Република Македонија.

Како што пренесува порталот РСЕ, целта на проектот ќе биде да се подобри транспортната поврзаност корисниците на патиштата долж Коридорот 8 помеѓу Скопје и граничниот премин Деве Баир, како и да го подобри управувањето со средства и планирањето на Јавното претпријатие за државни патишта.

Проектот за надградба и развој на патиштата  е финансиран од Меѓународната банка за реконструкција и развој (ИБРД) преку заем во износ од 83 милиони евра со рок на доспевање од 28 години, вклучително и 8 години грејс период.