Партиите постигнаа договор: 11 декември како можен датум за избори

Сподели со своите пријатели

По маратонските преговори, четирите политичи партии потписнички на договорот од Пржино заедно со претстанивицте на ЕУ и САД постигнаа договор за избори, а како можен датум се наведува 11 декември, но ако до 31 август се завршат сите останати детали.

Имаме добри вести, постигнат е договор и партиите се согласија да продолжи имплементацијата на пржинскиот договор, ова го изјави американскиот амбасадор Џес Бејли заедно со претставникот на канцеларијата на Европската унија и претставниците на политичките партии, по завршувањето на преговорите, во Клубот на пратениците од каде сите излегоа насмеани.

И двете отворени прашања за кои деновиве преговараа партиите се затворени, договорено е министерот за внатрешни работи да може да смени 15 раководители или началници како и 10 проценти кадровски промени по хоризонтала како и министрите од преодната влада по изборите веднаш да си поднесат оставки.

Следен клучен датум е 31 август кога треба да има лидерска средба на која претседателите на четирите политички партии потписнички на Пржинскиот договор ќе имаат лидерска средба на кој треба да се оцени имплементацијата на сето она што е договорено, по што ќе се одреди и датумот на изборите. Сепак останува нејасно што доколку тогаш лидерите не се согласат.

Радмила Шекеринска вели дека се ова што е договорено обезбедува да има фер и демократски избори.

За Артан Груби пак, најинтересен момент беше тоа што по оставките на министрите од преодната влада раководењето со МВР ќе го преземе Албанец.

Од четирите политичките партии во Преодната Влада единствено нема да учествува ДПА, велат, не им веруваат на институциите.

Четирите партии воедно се согласија и да се почитува работењетона СЈО и го повикаа Уставниот суд да донесе одлука во однос на Законот за СЈО што е можно побрзо на следната седница.

Во продолжение интергално прочитајте за што се договорија всушност партиите и меѓународната заедница.

1

Loading...

2

3