Парот го кажал своето „ДА“ на надморска височина од 7.000 метри! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Парот Џони Пачеко и Хајди Пако се венчале на врвот Илиманија, планина во западна Боливија, пишува Метро. На парот и на сите учесници во венчавката им биле потребни три дена да се искачат на врвот на планината.

Loading...

Џони и Хајди, кои се од боливискиот град Кочабамба, ги дале своите завети на 6.439 метри надморска височина.

 

 

“Тие се и спортисти и љубители на природата, како и љубители на планините. Затоа одлучија да се венчаат на врвот на оваа планина”, рекол Агустин Гонзалес, планинар и кум на младоженецот.

Неколку учесници носеа венчаница, украси и храна за прославата, што им го отежнуваше достигнувањето на врвот, бидејќи носеа дополнителни 20 килограми тежина.

Парот  имал многу среќа со времето, бидејќи цело време било сончево и пријатно, а на Јутјуб објавија видео од свадбата.

Loading...