Парламенот на Киргистан го избран Садир Жапаров за нов премиер на земјата

Сподели со своите пријатели

Киргистанскиот Парламент денеска го избра Садир Жапаров за нов премиер на земјата, надминувајќи го политичкиот вакуум во оваа централноазиска земја, што е зафатена од немири по парламентарните избори од 4 октомври, јавија светските агенции.

Loading...

Жапаров неделава беше ослободен од затвор од неговите приврзаници, каде издржуваше казна затоа што во 2013 година земал државен службеник како заложник.

Новоизбраниот премиер денеска пред парламентот изјави дека нема да го менува составот на владата.

Пред гласањето, спикерот на парламентот, Миктибек Абдилдаев, најави дека ќе поднесе оставка по помалку од една недела на функцијата.

Киргистанскиот Парламент денеска планира да ја разгледа и одлуката на претседателот Соронбај Женбенков за прогласување вонредна состојба во земјата до 21 октомври, со која е предвидено и воведување полициски час.

Приврзаниците на Жапаров и поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев вчера се судрија на централниот плоштад во Бишкек, а агенциите јавија дека било пукано и врз автомобилот на поранешниот претседател.

Немирите во Киргистан почнаа кога приврзаниците на неколку партии што не освоија место во парламентот на парламентарните избори на 4 октомври се собраа на централниот плоштад во главниот град Бишкек откако беа објавени прелиминарните резултати, наведувајќи дека гласањето е наместено.

Во текот на ноќта меѓу понеделникот и вторникот демонстрантите ја окупираа зградата на парламентот, во која се наоѓаат и претседателската администрација, владата, канцеларијата на градоначалникот и државното обвинителство и ги ослободија Жапаров и Атамбаев од затвор.

Loading...

Под притисок на илјадници демонстранти, киргистанската Влада поднесе оставка и Централната изборна комисија ги поништи резултатите од парламентарните избори во недела.

Тасс претходно денеска соопшти дека поранешниот претседател Атамбаев е повторно уапсен од специјалните полициски сили. Атамбајев бил лишен од слобода заради организирање масовни немири.

Медиумите претходно јавија дека специјални сили упаднале во куќата на поранешниот претседател на Киргистан.

Сашко Димевски


Leave a Reply