Паркинг место во Хонг Конг продадено за 1,3 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Едно паркинг место во Хонг Конг е продадено за рекордни 1,3 милиони долари.

Loading...

Тоа е една од неколкуте локации што се продаваат во ултра луксузно маало во населбата „Пик“, објави Би-Би-Си.

Хонг Конг е толку густо населен што секоја област, без разлика дали е за домување или за паркирање автомобил, може да чини огромна цена.

 

 

Хонг Конг често е на врвот на листата на најскапи места за живеење во светот.

Претходен рекорд за цена на паркинг простор беше поставен и во Хонг Конг кога едно такво место достигна цена од 980.000 американски долари во 2019 година.

Loading...

Leave a Reply