Папата Франциско: Еднаквост на жените за помирен свет

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско го осуди насилството и предрасудите кон жените, велејќи дека еднаквите плати и можности ќе создадат помирен свет.

Loading...

Во предговорот на книгата објавена од веб-страницата Vatican News на Меѓународниот ден на жената, Франциско ги нагласи разликите меѓу мажите и жените, но исто така повика на „еднаквост во таа различност“ на поле кое е „отворено за сите играчи“, објави Ројтерс.

„Сакам да верувам дека, доколку жените имаат еднакви можности, би можеле значително да придонесат за неопходните промени кои ќе донесат мир во светот, инклузивност, солидарност и интегрална одржливост“, рече папата, пренесе Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Тој, исто така, на крајот од своето неделно обраќање на плоштадот Свети Петар побара од насобраните да им аплаудираат на сите жени, „бидејќи тоа го заслужиле“.