Папата Франциск за прв пат директно му се обрати на Путин

Сподели со своите пријатели

Папата Франциск во неделата за прв пат му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин, „молејќи“ да ја „запре спиралата на насилство“ во Украина, наведувајќи го ризикот од ескалација на конфликтот на глобално ниво.

Loading...

Пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар, папата му се обрати на „претседателот на Руската Федерација, барајќи од него да ја запре, и поради љубов кон својот народ, оваа спирала на насилство и смрт“.

Ова е прв пат папата директно да му се обрати на рускиот претседател за време на говор од почетокот на конфликтот на 24 февруари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Папата за прв пат зборуваше и за анексија на украинска територија од Москва, осудувајќи ги „новите дејствија против принципите на меѓународното право“.

Владимир Путин во петокот најави анексија на четири украински региони, одлука што наиде на остри критики од меѓународната заедница.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.