Паметна куќа која може да препознае и депресија

Сподели со своите пријатели

Експерти од Технолошкиот институт во Масачусетс направиле автоматизирана паметна куќа, која може да идентификува луѓе дури и кога со себе не носат мобилен телефон. Нивниот систем, кој го нарекле Дует, а кој се инсталира на ѕидот, користи рефлексии на Wi-Fi сигнал за да ги лоцира.

Loading...

Исто така, користи и алгоритми кои со помош на сериозни мобилни уреди го предвидуваат идентитетот на личноста, во зависност од тоа кој последен го користел уредот, така системот следи кој го користи и врз основа на тоа предвидува за кого станува збор.

Овој систем користи и логика да утврди кој е кој, дури и кога нема сигнал, но тоа претежно го прави со помош на систем на елиминација. Значи, ако во домот има двајца луѓе, а врз основа на користење на мобилниот телефон се утврди кој е еден од двајцата присутни, со системот на елиминација ќе се утврди идентитетот на другиот.

Се испоставило дека овој систем прилично точно може да заклучи кој е кој, во експериментите погодил со точност од 94 отсто.

Дурет системот потенцијално би можел да препознае и провалници и да ги спречи да влезат во куќата, но она што можеби е најкорисно од него е што анализирајќи го однесувањето на личноста и податоците од апликацијата за здравје, системот може да препознае кога некој пати од депресија.

Со оглед на тоа колку депресијата денес е зачестена, ова е голем чекор напред кој би можел да помогне во тоа депресијата да се препознае порано.

Лицето кое пати од депресија може, на пример, да се движи помалку или повеќе, во зависност од тоа како тој ден се чувствува. Таквите соберени информации можат да бидат корисни и за следење на состојбата и за лекување.

Научниците истакнуваат дека нивниот систем би се користел само со експлицитна дозвола на личноста која треба да одобри овој систем да ја идентификува и следи.

Loading...

Leave a Reply