Паланчани опустошеле шума за скоро милион денари

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против: Р.М.(44), Т.Т. (66) и Б.К.(60) сите од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шума“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавените од сопствен имот постапиле спротивно од Одобренијата за сеча на дрво и дрвни сортименти издадени во 2015 година од ДПШТУ „ШУМАР МСИ“ од Крива Паланка и ЈП„Македонски Шуми“ – ПШС „ОСОГОВО“, Крива Палaнка, при што извршиле бесправна сеча на вкупно 135,25 м³ дрво и дрвни сортименти, со што се стекнале со противправна имотна корист во висина од 946.750 денари.