Пакистанци претепале Сириец во Куманово

Сподели со своите пријатели

Група мигранти Пакистанци физички нападнале мигрант од Сирија во кумановското село Речица при што истиот се здобил со повреди.

Loading...

– На 18.11.2022 година во 07.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на железничка станица во село Речица има повреден мигрант, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По извршениот разговор со него било утврдено дека се работи за Ф.А.Д. (52) од Република Сирија, кој пријавил дека бил физички нападнат од група Пакистанци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хуманитарна изложба на автомобили во сабота во Куманово