Пајак исплете доволно силна мрежа за да „улови“ човек (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Еден човек во Мисури, САД, наиде на неверојатна глетка во природата – пајакова мрежа доволно голема за човек да се заплетка во неа.

Loading...

„Френсис Скалицки ја фотографирал оваа пајажина додека шетал во Спрингфилд. Може да видите огромен број пајаци во Мисури, а нивните мрежи се најголеми во текот на крајот на летото, односно почетокот на есента”, напиша американското Министерство за животна средина на социјалната мрежа Фејсбук, објавувајќи фотографија.

Очите на овој пајак и натаму светат, иако угинал пред 110 милиони години

Како што обично се случува, социјалните мрежи генерираат многу коментари.

Додека некои беа исплашени и пишуваа дека би биле „преплашени“ ако наидат на вакво нешто за време на прошетката, други се воодушевуваа од пајаковата мрежа, нарекувајќи ја „прекрасно ремек-дело на природата“.

 

Leave a Reply