Паѓа снег низ цела Македонија – возете внимателно

Сподели со своите пријатели

Третиот ден од 2016 година започна со облачно време и врнежи претежно од снег, а во крајните јужни делови од  дожд и снег.

Според метеоролозите, денес се очекуваат обилни врнежи во крајните западни делови на земјава, каде ќе се формира или ќе се зголеми за околу 25 см нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи претежно од дожд, наместа ќе бидат обилни.

Loading...

Снег со слаб интензитет паѓа во Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Македонски Брод, Ѓавато, Буково, Плетвар, Пресека, Маврово.

Врнежи со појак интензитет има во Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп, Стража.