Паднала врз својот сопруг и го убила

Сподели со своите пријатели

Бизарна несреќа се случила во индискиот град Рамдами. Манџула Витлани (68) и нејзиниот сопруг Натварлал го изгубиле животот во несреќа во кога при пад од скалите крупната Манџула со својата тежина буквално го поклопила сопругот.

Оваа несекојдневна несреќа се случила кога Манџула која има 128 килограми брзала по скалите за да притрчи во помош на нејзиниот син кој имал проблеми со дишењето.

По неа побрзал и Натварлал, но несреќната жена се сопнала на скалите, ја изгубила рамнотежата и паднала директно на сопругот кој при падот задобил силен удар во главата.

Двајцата многу бргу биле превезени во приватна клиника каде е констатирано дека преминал од последица на излив на крв во мозокот, пренесуваат индиските медиуми.

 

Loading...