Падна и Гостивар: Кошаркарките на Куманово со 6. победа во низа

Сподели со своите пријатели

Кошаркарките на Куманово викендов впишаа шеста победа во низа откако на гостински терен го совладаа и составот на Гостивар во рамките на 18то коло од Првата женска кошаркарска лига.

Loading...

Кумановки имаа одлично отворање на натпреварот при што само во првите десет минути на паркетот успешно остварија предност од 12 поени над домаќинот.

Веќе на полувреме избраничните на тренерот Мартин Антевски имаа голема предност со резултат 18:30.

И вториот дел од средбата продолжи во знакот на ЖКК Куманово иако домаќинот се обидуваше да ја надомести разликата.

Во последната четвртина кумановки влегоа со резултат 24:40 и доминираа во играта до последен момент за конечни 31: 51.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)

Ова е шеста победа во низа за составот на ЖКК Куманово кој моментално е на петата позиција во табелата и со ист број поени му дише во врат на Гостивар кој е четвртопозициониран.

Никола Ивановски