Пациент од Словачка заразен со хепатит Ц прскал крв по лекарите и се заканувал со убиство

Сподели со своите пријатели

Пациент со потекло од Словачка имал инцидент на клиника во Виена. Тој бил донесен во болница поради проблеми со белите дробови, а во еден момент почнал да му се заканува на лекарот дека ќе го убие.

Loading...

Словакот, кој имал хепатитис Ц, се заканил дека ќе почне да прска сè со сопствената крв, што подоцна и го направил.

Целиот проблем настанал за време на лекувањето, кога лекарите се посомневале дека има корона вирус, што подоцна не било потврдено, пренесува Кронен.

За време на лекувањето му се заканил на докторот дека ќе го убие со остри ножици кои ги има во џебот.

Пациентот потоа го извадил пусти од раката и потоа почнал да прска сè со својата крв.

Лекарот веднаш повикал полиција која го привела овој 43-годишен маж.

Тој е приведен поради предизвикување паника и намерно загрозување на луѓето поради изложеност на заразни болести.