На рускиот аеродром Орешково, 200 километри од Москва, ќе ве пречека необичен миленик на вработените.
Како што му доликува на еден таков простор, оваа мечка е голема, силна, а љубезно и питомо се однесува само кон одредени лица.
Затоа Мансур живее во оградениот дел. Сега има три години, а дошла како бебе.
Двемесечното младенче немало шанси да преживее, па пилотите одлучиле да се грижат за него, со помош на биолог.
Во текот на првите години не знаел за зимски сон, па постојано бил поспан. Сега е вистинска мечка, која од првиот ден најмногу се дружи со еден пилот.
Кој кого избрал се знае, бидејќи иако се пријатели, важат правилата на посилниот. Андреј влегува во кафезот на Мансур, а другите уживаат гледајќи ги нивните игри.
Благодарение на пријателите на социјалните мрежи, мечката летово ќе добие и базен.