04.06.2019 10:13

Овој норвешки град е меѓу најтемните во светот: Жителите без сонце живеат половина година (ФОТО)


Рјукан е град во округот Телемарк на југот на Норвешка и го нарекуваат едно од најтемните места во светот. Поради високите планини кои го опкружуваат градот нешто повеќе од неговите 3.300 жители не се изложени на директна сончева светлина дури шест месеци во годината.

Овој град ќе ви плати 9.000 евра за да се доселите, но има два услови

loading...

До септември до март, секоја година тие живеат во сенка. Иако на работвите на планините кои ги опкружуваат се гледа сонцето, тие не го чуствуваат на лицето. Во темница појадуваат, ручаат и вечераат.

Фото: Wikimedia/Algkalv

Под велот на темницата одат на училиште, работа, шопинг и се занимаваат со спорт.

Токму затоа локалните власти во 2013 година вложиле половина милион евра во поставување соларни огледала на планините, кои рефлектираат сончева светлина на главниот градски плоштад и во тие најтемни месеци во годината.

Фото: Wikimedia/Bjoertvedt

И додека едни приговараат дека премногу пари се потрошиле на малку светлина во темниот град, други заклучуваат дека огледалата дополнително го популаризирале Рјукан меѓу туристите.

loading...

Фото: Wikimedia/Jkschriwer

Овој град долги години е интересна локација за посета поради 104 метри високиот водопад Рјукан кој се наоѓа во негова близина. Сега имаат дополнителна причина за посета.

Фото: Wikimedia/Bengt-Inge Larsson


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments