Гратчето Веначи, источно од Сиетл во американската држава Вашингтон, станува единствено по тоа што се претвора во епицанетарот за рударење на биткоинот во САД.
Првата од двете основни причини поради кои овој град станал дом за десетици рудари на биткоин и другите криптовалути се ниските трошоци за струја.
Еден од првите рудари, Малачи Салсидо, раководи со трите значајни операции во оваа област, произведувајќи пет до седум биткоинит дневно, пишува CNBC. Едноставните пресметки, покажуваат дека, ако еден биткоин денес вреди 14.000 долари, а тој произведува седум, значи дека дневно заработува и до 98.000 долари. Освен тоа, Салсидо користи 7,5 мегавати енергија, што е доволно за напојување на 11.000 домови.
Како што вели, целта му е да произведува 50 биткоини дневно до јули, што би барало неверојатно 42 мегават часови енергија.
Струјата во оваа гратче е многу ефтина, два до три цента по киловат-час, а причината се браните на Колумбија со изобилство хидроелектрани. Затоа Малачи Салсидо живее во Веначи.
БИТКОИН: Ако во 2010 година вложевте 100 долари, денеска ќе имавте 250 милиони