Египет издаде фатва и го забрани биткоинот

Сподели со своите пријатели

Египетскиот врховен муфтија Шавки Алам издаде фатва забранувајќи го биткоинот, затоа што, како што вели, тргувањето со криптовалути е слично на обложувалниците, што е забрането во исламот.

Фатвата е издадена по советување со неколку економски експерти, а египетските легитимни власти не сметаат дека трговината со криптовалути е прифатлива.

Муфтијата ја споредува трговијата со криптовалути со коцкање, кое е забренето во исламот, затоа што е директно одговорно за финансиско уништување на бројни поединци.

Освен тоа, муфтијата уште рекол дека биткоинот може да има негативен ефект врз безбедноста на оние кои со него тргуваат.

Соопштението и фатвата пристигаат во време кога вредноста на биткоинот непредвилдиво скока и паѓа.

Третиот ден од 2018 година биткоинот завршил со вредност од 15.000 долари.