БИТКОИН: Ако во 2010 година вложевте 100 долари, денеска ќе имавте 250 милиони

Сподели со своите пријатели

Биткоин, најпознатата криптовалута која постои само виртуелно има вистинска вредност.

Во 2010 година еден биткоин вредеше 0,003 долари, а денес неговата цена изнесува нед 9.000 долари. Што значи дека ако пред седум години сте вложиле 100 долари во биткоин, денеска би имале над 250 милиони.

Причината за успонот на оваа валута е што многу влади ја прогласија за легална, меѓутоа биткоинот не го контролира ниту една. Во Јапонија доста работи можете да ги пазарите со биткоин.

Биткоинот се заработува со процес кој се нарекува рударење, а кој всушност претставува решавање на низа математички проблеми.