Овој човек тврди дека ја спречил Третата светска војна

Сподели со своите пријатели

Во екот на кубанската криза, американската војска добила наредби да испали нуклеарни проектили. За среќа, благодарение на официрот на американската војска Џон Бордон и капетанот Вилијам Басет до Третата светска војна не дошло.

Loading...

Изминатите неколку децении, светот во повеќе наврати беше на работ на големи конфликти и почеток на можна Трета светска војна. Тензиите измеѓу САД и Русија во изминатиот период достигнуваа и точка на вжештување.

Сепак, да не бил американскиот офицер Џон Бордон, прашање е дали светот денес воопшто би постоел.

Имено, во 1962 година во текот на кризата на Куба, тој тврди дека спречил повторен глобален конфликт така што не ги извршил наредбите.

Имено, амекриканската војска во базата на Окинава, каде тој бил разпореден, добила наредба да испали 32 нуклеарни ракети.

Базата била на Окинава, а Борд ја добил командата да лансира проектили и да погоди зададени цели. Тој наредбата ја пренел на капетанот Вилијам Басет кој добил наредба да лансира четири од своите проектили.

Сепак, тој не ја послушал наредбата откако дознал дека три од четирите зададени мети не биле во Русија, односно тогашниот СССР. Офицерите кои биле под негова команда исто така не ги извршиле наредбите и ракетите не биле испукани.

Целиот процес поминал три нивоа на безбедносни шифри, а по секое ниво добивале потврда дека шифрите се исправни. Освен тоа, тие биле само во второ ниво на состојба на приправност, а ракетниот напад морал да биде на прво ниво.

Loading...

Така капетанот намерно одолговлекувал и го повикувал Ракетниот оперативен центар, лажејќи дека не ги слушнал јасно упатствата.

Тој дури наредил стрелба на поручникот доколку се обиде да ги лансира ракетите без усмена дозвола од надредениот офицер.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.