Овој човек свирел 11 дена на хармоника и тоа без престан (видео)

Сподели со своите пријатели

Познатиот француски свирач на хармоника Жан-Мишел Генишо го поставил новиот светски рекорд во издржливост на хармоника на која свирел 265 часови, односно околу 11 денови без престан.

Loading...

Геништо свирел со своите пријатели, кои повремено се менувале на инструментит, а тој се одморал само пет минути на секои три часа.

Овој музичар, кој воедно е професор по физичко воспитување го одржал својот свиречки маратон во Песак, град на југозападот од Франција, измеѓу 16-ти и 27-ми октомври.

Генишо го држел и претходниот Гинисов рекорд од 251 час, кој го поставил во 1994 година.

Си реков уште пред 20 години дека повторно ќе се обидам доколку никој не го сруши мојот рекорд – изјави 49-годишниот Французин кој за овој потег се подготвувал играјќи сквош, возејќи велосипед и трчајќи.

Неговиот настап последните денови го искористиле голем број на посетители на кои се забавувале со играње на неговата музика.