На аеродромот во Хелиснки кој е оценет како најдобар во светот, кинескиот актер Рајан Џу ќе живее во кабина 30 дена за да провери дали тоа е вистина, а целиот проект многу потсетува на филмот „Терминал“, соопштува денеска финската авиокомпанија „Финавија“, која е организатор на своевидниот тест.
За време на проектот, без преседан, под името #LIFEINHEL, популарниот 33-годишен кинески актер и мултиталентирана ТВ ѕвезда ќе има можност да искуси, тестира и процени каков е квалитетот на аеродромските услуги, се наведува во соопштението.
Аеродромот во Хелиснки сака да докаже дека е најдобриот во светот и најбрзата врска измеѓу Азија и Европа.
– Хелисншкиот аеродром е водечки и најдобро поврзан аеродром во цела Северна Европ.а Ние сме лидери во пружањето услуги на кинеските патници, вели Катја Сиберг, потпретседател за маркетинг и комуникации на компанијата „Финавија“.
Loading...
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.