Овој астероид би можел да ја загрози Земјата?

Сподели со своите пријатели

Руски астрономи потврдуваат калкунации според кои голем астероид „Апофис“ со големина од 325 метри би можел да ја загрози Земјата во 2068 година.

Loading...

Астероидот веќе во 2029 година би се доближил до Земјата. Тој ќе се наоѓа на десет пати помала одалеченост отколку одалеченоста помеѓу Земјата и Месечината, додаваат од Катедрата за вселенска механика при Државниот универзитет во Петербург.

„Апофизис“ на 13 април 2029 година ќе се доближи до Земјата на одалеченост од 38.000 километри – додека Месечината од Земјата е одалечена 384.000км, пренесуваат руските портали.

И американските научници предупредуваат на можен судир со „Апфоизис“.

Експертите од Хавајскиот универзитет сметаат дека веројатноста за судир е екстремно мала.

„Апфофизис“ е откриен во 2004 година, а експертите тогаш навеле дека постои веројатност од 2,7 отсто дека вселенскиот објект во 2029 година ќе се судри со Земјата.

Засега тие проценки се демантирани.

Leave a Reply