Оваа земја ги има иделаните услови за работа

Сподели со своите пријатели

Ако сакате да започнете нов живот во странство, Германија е најдоброто место за продолжување на кариерата, се наведува во новото истражување.

Loading...

Меѓународната банка HSBC објави листа на најдобрите земји во светот за работа во странство, а Германија е на врвот на листата за амбициозни глобални патници кои сакаат да ја продолжат кариерата во некоја друга земја.

Врз основа на анкетата која опфаќа повеќе од 22.000 меѓународни работници, амбицијата во кариерата е главна причина поради која луѓето се селат во странство. Германија така прв пат ги победи своите соседи Швеѓаните.

Не само што 65 отсто од испитаниците оценуваат дека во прашање е најпродуктивната земја за работа, туку 70 отсто од нив сметаат дека рамнотежата помеѓу работниот и приватниот ќивот им е далеку подобра во Германија. Бидејќи некои компании дури забрануваат на своите вработени да читаат мејлови преку викенд, Германија станува втората најдобра работна култура во светот која се наоѓа веднаш до Шведска.

Исто така, 73 отсто од испитаниците сметаат дека работата во Германија им е побезбедна, 1 77 отсто дека нивните шанси за заработка се подобри тука отколку дома.

На трето место се најде Велика Британија, која постигна напредок во рамнотежата помеѓу работниот и приватниот живот и перспекивите за заработка.

Loading...

Leave a Reply