20.05.2019 11:57

Оваа европска држава нема војска, а спаѓа во една од најстарите во светот


На еден дел од долгата граница меѓу Шпанија и Франција се наоѓа една мала, но прекрасна држава. Како што претпоставуваме дека не знаете премногу за неа, еве 10 интересни факти за Андора.

loading...
Фото: Wikimedia/Josemanuel

1. Верувале или не, Андора е 14та најстара држава во светот. Кога сме кај бројките, да додадеме дека е и 16та најмала.

2. На чело на Монако се наоѓа принц. Од друга страна, на чело на Андора се наоѓаат двајца принцеви кои ја делат власта. Интересно е што ниту еден од нив не е од Андора, туку едниот принц е секогаш актуелниот претседател на Франција, а вториот е бискуп од Ургељ. Секако, овие позиции немаат никаква реална моќ.

фото: Wikimedia/Josemanuel

3. Главниот град на државата Андора ла Веља е највисокиот главен град на стариот континент и се наоѓа на надморска височина од 1.013 метри.

4. Според очекуваниот животен век, Андорците се на второ место, веднаш зад „неуништливите“ Јапонци.

loading...
Фото: Wikimedia/A1AA1A

5. Единствене е земја во светот во која службен јазик е каталонски. Имено, иако тој се зборува и во Шпанија и во Франција, само тука е официјален.

6. Тука не постои војска. Во случај на воена состојба државата би ја штителе француската и шпанската војска.

Фото: Wikimedia/Sprok

7. Повеќе од 70 отсто од површината на земјата всушност е национален парк, кој е под заштита на УНЕСКО.

8. Што се однесува до криминалот, тој тука е скоро и како војската – непостоечки. Станува збор за една од најбезбедните држави во светот.

Фото: Wikimedia/OhRel

9. Од четири најмали европски држави (не сметајќи ја Ватикан), Андора е најголема со површина од 468 километри квадратни, а зад неа се Монако, Лихтенштајн и Сан Марино.

loading...

10. АНдора нема национална банка и своја валута. Денес се користи еврото, а претходно во употреба била шпанската песета или францускиот франк.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments