Ова се луѓе кои во реалноста не постојат, но може да се купат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Експертите за безбедност на интернет веќе долго време нè предупредуваат дека зад многу „ликови“ во виртуелниот свет стојат измамници и дека дури и да ја видиме нивната фотографија, тоа не значи ништо.

Loading...

Сепак, еве како изгледаат луѓето кои навистина не постојат.

Постојат дури и легални бизниси кои „продаваат луѓе кои не постојат“.

Ова се фотографии од „луѓе“ што може бесплатно да се преземат од ThisPersonDoesNotExist.com, доколку ви се потребни за профили во видео игри или за други цели.

Секој пат кога ќе ја отворите или освежите оваа страница, ќе се појави нова фотографија од имагинарна личност, со следнава белешка: „замислено со помош на GAN (генеративна ривалска мрежа) Style GAN2 – Karras et al & Nvidia“.

Креатор на страницата е Филип Ванг, софтверски инженер од Uber. Според американскиот технолошки портал Verge, алгоритмот кој стои зад страницата се практикува на голем број реални фотографии, а имагинарни слики се генерираат со употреба на GAN, неуронска мрежа за машински науки што компанијата за компјутерска графика Nvidia ја направи јавно достапна.

„Повеќето луѓе не сфаќаат колку ќе биде добра АИ во синтетизирање на слики во иднина“, вели Ванг.

Лажните луѓе од такви фотографии можат да остарат, да го променат полот, расата, изразот на лицето или да ги подмладат. Ако ви требаат лажни луѓе во движење, овие ви ги нуди Rosebud.Ai.

Loading...

Нивните лажни луѓе можат дури и да зборуваат. Имено, GAN се користи и при создавањето на т.н. deep fake видеа. GAN исто така може да генерира животни, анимирани ликови или да оживува уметнички слики.

 

 

Како дел од извештајот за оваа појава, Њујорк Тајмс дури изгради и свој систем на вештачка интелигенција (АИ), користејќи го гореспоменатиот софтвер GAN.

Исто така, генерира лажни фотографии кои можат да се менуваат во зависност од возраста, расата, полот, расположението, обликот и големината на очите или перспективата.

„Кога оваа технологија излезе во 2014 година, беше лоша – изгледаше како да е од играта Симс. Тоа е потсетник за тоа колку технологијата може да напредува. Откривањето ќе стане само потешко со текот на времето”, рече Камил Франсоа, истражувач за дезинформации и манипулација на социјалните мрежи.

 

Loading...

И таквото напредно фалсификување стана можно благодарение на драматичниот напредок во компјутерската технологија во идентификувањето на клучните карактеристики на лицето. Денес, технологијата за препознавање лице се користи за отклучување телефон или препознавање личност меѓу илјадници фотографии.

Дури и шпиони сега се кријат зад атрактивно лажно лице. Како што АП откри во истрагата, социјалната мрежа за вработување и деловно вмрежување LinkedIn е полна со фантомски профили.

Тие се фокусираат на една особено – на профилот на младата црвенокоса Американка по име Кети Џонс, која наводно работи во еден од водечките „тинк-тенк“институти, а на LinkedIn таа е поврзана и со истакнати експерти и политички претставници. Проблемот е, вреди да се нагласи уште еднаш, дека Кети Џонс не постои.

И експертите велат дека LinkedIn, своевидна глобална колекција на деловни луѓе, експерти и официјални лица, е многу привлечна за шпионите.

Вилијам Еванина, директор на Националниот центар за контраразузнавање и безбедност на САД, смета дека странските шпиони редовно користат лажни профили за да се приближат до целите на САД, нагласувајќи ја особено Кина.

„Наместо да испраќаме шпиони да регрутираат цел на паркинг во САД, многу побрзо и поефикасно е да седите зад тастатурата во Шангај и да испраќате барања за пријателство до 30.000 цели“, објаснува Еванина за АП.

Loading...

Leave a Reply