Ова се добитниците на наградата „Мајка Тереза“

Сподели со своите пријатели

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ за 2015 година ги избра добитниците на наградата.

Loading...

Станува забори за Сузана Тунева Пауновска и доц.д-р Буниамин Мемеди. Тие се годинашните добитници на наградата „Мајка Тереза“ за остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност, како и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Наградата, како што соопшти денеска Министерството за култура, ќе се додели на 26 август годинава во Собранието на Република Македонија.