Ова се дел од филмовите кои ќе бидат промовирани овој месец (видео)

Сподели со своите пријатели

Септември е месец кога започнуваат нови сезони на секое можно поле, посебно во телевизиските куќи или пак ако станува збор за промоции на нови серии и филмови. Така овој месец е исполнет со значаен број филмски остварувања кои ќе бидат премиерно прикажани, а ние ги издвоивме оние кои ќе бидат промовирани на 11ти септември.

Loading...

1. The Visit

Станува збор за хорор комедија во која самохрана мајка открива дека работите во нејзиниот семеен живот одат многу погрешно откако нејзиниот син кој има две години се враќа од куќата на нејзините родители.

Филмот ќе трае 93 минути со скромен буџет од 5 милиони долари, а во главните улоги ќе се најдат Оливија ДеЈонг, Ед Оксенболд и Дијана Дунаган.

2. The Perfect Guy

Трилер филм во времетраење од 100 минути, во кој по болно раскинување, успешниот лобист Леа Ваугн ќе скокне во страствена врска со шармантниот странец. Кога нејзиното поранешно момче ќе се врати во нејзиниот живот, таа ќе мора да размисли кому ќе верува, а од кога да се плаши.

Loading...

Во главните улоги играат Сара Латхан, Мајкл Или и Морис Чеснут, во продукција на Sony Pictures Entertainment

3. 90 Minutes in Heaven

https://www.youtube.com/watch?v=lf69T0DUkuQ

Станува збор за драма во која маж е вовлечен во страшна автомобилска несреќа во која е прогласен за мртов,а за час и половина се враќа во живот тврдејќи дека го видел рајот.

Во главните улоги: Кејт Босворт, Хејден Кристенсен и Мик Хадсон.

4. Wolf Totem

Ова е авантуристичен филм кој не враќа во далечната 1967 година, кога млад студент од Пекинг, Чен Зен, е испратен да живее помеѓу номадски сточари во Монголија. Фатен меѓу напредокот на цивилизацијата од југот и номадските традиционални непријатели – волците крадливци на север, луѓе и животни ќе се борат да најдат свое вистинско место на планетата.

Loading...

Играат: Шаофенг Фенг, Шаун Доу и други. Филмот ќе трае 121 минути, а буџетот на филмот е 50 милиони американски долари.

5. Sleeping with Other People

Еден добродушен женкар и еден сериски измамник формираат платонска врска која помага да си направат измени во нивните животи, додека измеѓу се испреплетува заедничка привлечност.

Оваа комедија во времетраење од 95 минути на едно место ги собра: Џејсон Садеикс, Алисон Брај и Наташа Лајон во главните улоги.

6. Time Out of Mind

Џорџ болен ќе пребегне на Белев болницата, на Менхетен во прифатен центар за бездомници, каде неговото пријателство со клиен ќе му помогне да се обиде да ја обнови врската со неговата ќерка со која е многу оддалечен.

Loading...

Во главната улога е Ричар Гир со Бен Верен и Џена Малон кои ја прават оваа 120минутна драмска идила.