Ова се 10 градови со најмногу милионери во светот

Сподели со своите пријатели

Најголем број милионери живеат во Соединетите Американски Држави, открива новата студија на Henley Global Citizens Report.

Loading...

Дури пет од топ 10 градови со најголем број милионери во светот се наоѓаат во оваа држава во Северна Америка, а тоа се Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Чикаго и Хјустон.

Њујорк е на врвот на листата со дури 345.600 поединци чие богатство се проценува на повеќе од 1 милион долари или повеќе.

Од тој неверојатен број, повеќе од 15.000 луѓе поседуваат неколку десетици милиони, 737 луѓе поседуваат повеќе од 100 милиони долари, а 59 луѓе се милијардери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјата продолжува да руши рекорди: Ова беше најтоплиот април досега

На второ место на листата на градови со најголем број милионери е Токио со 304.900 милионери, а по него е заливот Сан Франциско со 276.400 милионери.

Во првите 10 градови со најголем број милионери се и главниот град на Велика Британија, Лондон, Сингапур и два кинески града: Пекинг и Шангај.

10 градови со најмногу милионери во светот

1. Њујорк, САД, 345.600 милионери

2. Токио, Јапонија, 304.900 милионери

Loading...

3. Сан Франциско, САД, 276.400 милионери

4. Лондон, Велика Британија, 272.400 милионери

5. Сингапур, 249.800 милионери

6. Лос Анџелес, САД, 192.400 милионери

7. Чикаго, САД, 160.100 милионери

8. Хјустон, САД, 132.600 милионери

9. Пекинг, Кина, 131.500 милионери

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали мачките навистина гледаат подобро ноќе?

10. Шангај, Кина, 130.300 милионери

Loading...