Ова е списокот на жртвите од терористичкиот напад во Москва

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство го објави првиот список на лица, на кој има 37 жртви кои загинаа во терористичкиот напад во Москва.

Loading...

Според досегашните податоци, во терористичкиот напад на концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва загинале 93 лица, соопшти Рускиот истражен комитет.

 

 

„Во моментов е утврдено дека бројот на загинати е 93 лица. Бројот на загинати ќе се зголемува“, се наведува во објавата на Телеграм, пренесува РИА Новости.

Според прелиминарните податоци, причините за смртта се прострелни рани и труење со производи од согорување.

Рускиот портал Риа објави список на голем број жртви кои за жал загинаа синоќа во страшен напад.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

 

 

Нападот се случил во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднале во „Crocus City Hall“, каде во тој момент, меѓу другото, се одржувал концерт на популарната руска група „Пикник“.

Директорот на ФСБ Александар Бортников информираше дека се приведени 11 лица, меѓу кои и четворица терористи кои директно биле вклучени во терористичкиот напад во Москва.