Ова е првата објава на Твитер, за неа се нудат 2,5 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Шефот и основачот на Твитер, Џек Дорси, одлучи да го продаде првиот твит објавен на Твитер, создаден во март 2006 година.

Loading...

„just setting up my twttr“, гласи првиот твит објавен некогаш на популарната социјална мрежа, кој беше понуден како дигитален сувенир на страницата „Valuables by Cent“.

 

За само неколку минути откако Дорси објави на Твитер дека објавата се продава понудите достигнаа дури до 100.000 американски долари.

За време на пишувањето, максималната понуда е 2,5 милиони долари.

 

Loading...

Претходните (многу помали) понуди откриваат дека твитот се продава од декември, но вистинскиот бум се случи дури кога Дорси го објави на својот профил во петокот.

На страницата „Valuables by Cent“ се вели дека „има само една уникатно потпишана верзија на твитот, и ако авторот се согласи, може да биде негова засекогаш“.

Купувањето твит не значи дека ќе се пренесе на профилот на клиентот. Сè уште останува на оригиналниот профил на Твитер, но клиентот добива потпишан дигитален сертификат со метаподатоците на оригиналниот твит.

Leave a Reply