Ова е прва држава во светот што доби МИНИСТЕР ЗА КАФЕ

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја го објави новиот состав на владата, кој вклучува не само некои нови лица, туку и некои нови позиции, меѓу кои и функцијата министер за кафе.

Loading...

Објавата, прва од ваков вид во светот, ја покажува посветеноста на владата за проширување на клучните земјоделски индустрии, рече премиерот Џејмс Марапе, кој победи на реизборот на почетокот на овој месец по парламентарните избори нарушени со насилство и наводи за измама на гласачите, објави лондонски Гардијан.

Марапе за прв пат назначи и министер за палмово масло.

Овие именувања значајно го истакнуваат земјоделството за да можеме да видиме раст на земјоделството во земјава, рече тој при објавувањето на составот на новата 33-члена влада.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Првиот министер за кафе на Папуа Нова Гвинеја е новоизбран пратеник Џо Кули од областа Англимп-Јужна Ваги, во регионот на централните висорамнини.

Кафето од земјата се појави во последниве години како посакуван увоз, со кафулиња низ Австралија, САД и Јапонија кои служат кафе направено од зрна одгледувани во Папуа Нова Гвинеја.