ОВА Е ПРВ УНИСЕКС КОНДОМ: Може да го користат и мажи и жени!

Сподели со своите пријатели

Во Малезија е направено иновативно средство за заштита од несакана бременост и сексуално преносливи болести, а може да чини само три евра.

Малезискиот гинеколог д-р Џон Танг Инг Чинг, основач на Twin Catalyst, компанија за медицински материјали, го измислил првиот унисекс кондом во светот кој може да го користат и жени и мажи.

Како што самиот вели, овој изум е многу тенок и издржлив, а е изработен од медицински полиуретан, кој најчесто се користи како завој за облекување на рани и други повреди.

– Се надевам дека „Wondaleaf Unisex Condom“ ќе ги поттикне луѓето да преземат подобра контрола над своето сексуално здравје без разлика на пол или сексуална ориентација. Во основа се работи за обичен кондом со леплива обвивка. Благодарение на неа, кондомот се закачува за вагината или пенисот, а ја покрива и околината поради зголемената заштита – објасни тој.

Танг на својата веб-страница напиша дека лепливиот дел од кондомот е само на едната страна од него, но бидејќи може да се сврти на другата, може да го користи кој било пол.

Една кутија Wondaleaf содржи два кондоми и ќе чини околу три евра. Инаку, просечната цена за десетина кондоми во Малезија е меѓу четири и девет евра.

Др. Танг рече дека Wondaleaf поминал низ неколку рунди на клиничко истражување и тестирање, па затоа треба да стане комерцијално достапен преку веб-страницата на компанијата во декември.

– Врз основа на бројните клинички испитувања што ги спроведовме, јас сум прилично оптимист и верувам дека со текот на времето овој кондом ќе биде значаен придонес за многу други контрацептиви кои се користат во превенција од несакана бременост и полово преносливи болести – изјави малезискиот лекар.