Ова е најтесната куќа во светот, но ќе се шокирате како изгледа внатрешноста (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најтесната куќа на светот се наоѓа на плоштадот Клод Ерињак во францускиот град Авр и таа е постојана надворешна инсталација, а не станбена зграда.

Loading...

Отворена е за јавноста во јуни 2022 година, а оттогаш видеата од оваа нетипична зграда често кружат на социјалните мрежи и ги воодушевуваат, но и ги збунуваат корисниците.

Имено, иако на прв поглед сите би се запрашале што може да се вклопи во оваа тесна куќа, внатрешноста е навистина неверојатна, односно е опремена со сите соби и работи како и секоја друга „нормална“ куќа.

Меѓутоа, мебелот и предметите се екстремно компресирани и стеснети, а сè е тесно и кондензирано до тој степен што често предизвикува моментално чувство на клаустрофобија кај посетителот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Какво е значењето ако овие животни ви се појават во сонот?

 

 

Често е потребно да се движите странично низ ходниците и просториите на овој објект.

Loading...

Куќата е висока околу седум метри, долга 15 метри, а широка само 1,3 метри!

Има спална соба, бања, дневна соба и секако – многу ходници!

Куќата е дизајнирана од австрискиот уметник Ервин Вурм, а таа е реинтерпретација на неговиот дом од детството, типична приградска куќа од 60-тите години на минатиот век.

На внатрешните ѕидови на куќата висат стари фотографии од родителите на Ервин, кои всушност живееле во куќа слична на оваа, а целата композиција има за цел да отслика одреден повоен тесноград во Австрија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто мажот клечи на колено кога ја запросува девојката?

Оваа куќа првично е наречена „Narrow house“ и е типична за делото на Вурм, која ги истакнува деформираните и искривени тела, куќи и предмети со цел да ги нагласи елементите на чудесното.