Ова е единствената жена на светот која е родена во 19 век и е се уште жива (видео)

Сподели со своите пријатели

Италијанката Ема Морано и официјално е единствената жена ва светот родена во 19от век во радчето Чивијаско во Пијемонт, уште од владењето на кралот Умберт I. Родена е на 29 ноември 1899 година, а денес има 116 години.

Пред неа најстарата личност на светот била Американката Сузана Мушт Џонс, која неодамна починала во својот дом во Њујорк. Таа е последната Американка родена во 19от век.

Најдолговечната личност потврдено со официјални документи била француската државјанка Жана Калмент, родена во 1875 година која починала во 1997 година, кога имала 122 години и 164 дена.

Ема Морано денес смета дека нејзината долговечност е резултат на тоа што целиот живот јаде три јајца дневно, од кои две се сирови, што уште како девојче и го препишал лекарот како терапија поради анемија.

Во последните 200 години очекуваниот животен век е зголемен ширум светот, а посебно во развиените земји. Најдолговечните луѓе се жителите на Јапонија.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.