Ова беа најбезбедните авиокомпании во 2022 година

Сподели со своите пријатели

Авиокомпаниите „Етихад“ и „Емирати“ се на врвот на глобалното рангирање на најбезбедни превозници во 2022 година, според анализата на JACDEC, агенција за воздушни несреќи со седиште во Хамбург.

Loading...

Според извештајот објавен во воздухопловниот магазин „Aero International“, водечката германска авиокомпанија „Lufthansa“ го зазеде 14-то место на листата на 25 најголеми компании.

Меѓународниот воздушен сообраќај беше главно безбеден во 2022 година, по прекините поради пандемијата на коронавирус, се вели во извештајот.

Според експертите, најлошата авионска несреќа минатата година е падот на Боингот 737-800 на China Eastern Airlines на 21 март, во кој загинаа 132 лица – сите патници и членови на екипажот, објави Јутарњи лист.