Отворена изложбата „Напуштени храмови“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Изложбата на фотографии под наслово „Напуштени храмови“ на Стефан Шишков вчеравечер беше отворена во галеријата на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

 

Loading...

 

Посетителите во следните 10 дена ќе имаат можност да уживаат во она што објективот на Шишков го забележал во велешкиот крај при неговата посета на неколку храмови што за него било доста инспиративно за творење.

Сите овие фотографии се направени во велешкиот крај, освен една во црно бела техника која е направена во Маврово – рече Шишков.

 

На идеја за фотографирање авторот дошол откако бил повикан од страна на институција за културно наследство да ги фотографира објектите.

Инаку тој претходно оваа изложба ја имаше презентирано и во Њујорк и Струмица, а откако ќе заврши изложбата во Куманово истата ќе биде поставена и во Велес, од каде и потекнуваат фотографиите со што тука ќе заврши оваа изложба. Кумановци истата ќе можат да ја погледнат во наредните 10 дена во Центарот за култура.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.