Саркофаг тежок 30 тони најголем досега е откриен во Каиро, што покрена приказни во локалните, но и светски медиуми дека може да се работи за последното почивалиште на древен грчки владетел.
Египетските археолози во четврток згаснаа секаква надеж дека во неодамна откриениот саркофаг се наоѓаат остатоци од Александар Велики, заклучувајќи дека се работи за мумии на тројца членови на „обично“ семејство.
Градежните работници минатиот месец случајно наишле на околу 2.000 години стар саркофаг од црн гранит, на градилиште на станбена зграда во историскиот средоземен град Александрија.
Саркофагот тежок 30 гони е најголем некогаш откриен во овој град, што ги покрена приказните во локалните и светски медиуми дека би можело да се работи за последно почивалиште на древен грчки владетел кој во 331. година пред новата ера основал град кој до денес го носи неговото име.