Отворен првиот руски полигон за дронови

Сподели со своите пријатели

Во регионот Твер, на територијата на аеродромот Орловка, започна со работа првиот руски полигон за тестирање на беспилотни воздушни системи (UAS).

Loading...

Според руските медиуми, развивачите на дронвои на лице место можат да спроведат секакви тестови за летање, од технолошки демонстрации до летови за сертификација.

Проектот BAS Polygon се состои од дигитална платформа и центар за тестирање на летови.

Во рамките на новиот комплекс може да се тестираат дронови кои сѐ уште се во развој, како и контролни системи и опрема.

Полигонот е опремен со различни инструменти за мерење на траекторијата на летот, метеоролошка опрема, системи за планирање и спроведување експерименти, пренесува агенцијата ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на Платформата на Националната технолошка иницијатива (НТИ).

Покрај тоа, на полигонот има „летечка лабораторија“ која го следи тестираниот дрон за време на летот, ја снима неговата состојба и моменталните временски услови.