Отварање на изложба на академскиот уметник Александар Симоновиќ – Симо

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Уметничка галерија во Куманово, денес со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена петтата самостојна изложба на академскиот уметник Александар Симоновиќ – Симо, под наслов ”Дрвото на животот”.

Loading...

Александар Симоновиќ – Симо е по потекло од Куманово. Во 1996 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности – насока сликарство со графички дизајн во Скопје, во класата на проф. Танас Луловски.

Член е на ДЛУМ од 1996 година.

Ова е негова петта самостојна изложба во Куманово.