Отпушоците се најголемите загадувачи: Им требаат 400 години да се разградат

Сподели со своите пријатели

Отпушок од цигара е најчестото фрлено парче отпад ширум светот. Се проценува дека годишно се фрлаат дури над 4,5 трилиони парчиња.

На тој начин се зодава огромен еколошки, здравствен и економски терет. Потребни им се измеѓу 5 и 400 години за да во целост се разградат.

Многу земји забрануваат пушење на јавни места, но тоа може само до некаде да го намали проблемот со отпадот.

Групите за заштита на животните средини со години упатуваат на сериозноста на овој пробле, затоа што отпушоците од цигари може да доведат до воведување отрови во ланецот на исхрана, оштетувајќи го комерцијалниот риболов и резервите со вода.

Неодамнешна студија покажала дека отпадот од цигари лесно ги задоволува стандардизираните тестови на градските и државни агенции кои означуваат некоја супстанца како токсичен отпад.

Оваа опасна материја долго опстанува во опкружувањето, а често ја голтаат водените суштества и домашни миленици. Секако во таа група се и малите деца, кои потоа поради тоа имаат сериозни здравствени проблеми, пишува no-smoke.org.

Филтрите за цигари се направени од цлулозен ацетат кој често може да се подели на помали делови. Тие не пружаат здравствена заштита и едноставно претставуваат маркетинг трик за да цигарите делуваат побезбедни за употреба.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.