ОТКРИЕНИ СТРАНИ МАТЕРИЈАЛИ: Јапонија повлече 1,63 милиони дози од вакцината Модерна

Сподели со своите пријатели

Јапонија денеска ја прекина употребата на 1,63 милиони дози на вакцина против корона вирусот на компанијата Модерна, откако било откриено дека „страни материјали“ има во некои ампули.

Loading...

Министерството за здравство на Јапонија објави дека примило извештаи од неколку центри за масовна вакцинација, во кои се наведува дека е откриено дека во одредени неискористени дози на вакцината Модерна се наоѓаат „страни материјали“.

Јапонскиот производител на лекови „Такеда фармацевтикалс“, кој е задолжен за дистрибуција и продажба на вакцината на Модерна во таа земја, објави дека како мерка на претпазливост ја суспендира употребата на околу 1,63 милиони дози произведени во иста производствена линија, пишува Кјодо.

Министерството за здравство и таа компанија наведуваат дека допрва треба да ги проучуваат извештаите за можна нарушена безбедност на вакцината.

Според Министерството, Модерна ветила дека ќе започне истрага.

Извештаите за контаминација стигнале од осум центри за вакцинација во пет јапонски префектури, а присуството на туѓи материи било потврдено во 39 ампули.