Откриена гробница на благородничката Неко стара 1.800 години

Сподели со своите пријатели

Грчките археолози откриле недопрена граница на античката благородничка закопана со златен накит на островот Сикинос.

Според натписот на гробницата благородничката се нарекувала Неко.

Гробот е откриен недопрен во гробница на споменикот Епископи, ретка гробница од римски период, која подоцна била претворена во византиска црква и манастир.

Во гробот биле пронајдени златни нараквици, прстени, долги златни синџири и делови од женска облека.

Во Египет откриена гробница стара 4.400 години (ФОТО)

Loading...

Добро зачуваниот мавзолеј на островчето југоисточно од Атина веројатно било изградено зад а се заштити гробницата, рекле археолозите.

– Не очекувавме дека ќе имаме толку среќа. Пронајдовме мавзолеј на Неко. Ова е голема реткост. Споменикот, еден од егејските најипресивни, има идентитет. Сега имаме личност за која е изграден, имаме нејзини остатоци, го имаме нејзиното име. И покрај походите на крадците на гробници од античкиот период и различни употреби на зданието низ вековите, гробницата на Неко е пронајдена недопрена најмногу поради тоа што е сокриена помеѓу два ѕида во подрумот на зградата, рекол директорот на Советот за артефакти на островот, Циклада Димитрис Атанасулис.

Тој рекол дека експертите мислат дека Неко била поврзана со островот, но не е познато дали всушност била од Сикинос.

– Сега се обидуваме да дознаеме нешто за таа жена, но се уште сме на почетокот, рекол тој.

Leave a Reply